Македонија е сè што имаме, вели пратеникот Владо Мисајловски и во негово и во име на ВМРО-ДПМНЕ повика на натпартиски предупредувачки протест „за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“.

-Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.
Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.
Сега, за да не биде предоцна!
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!, вели Мисајловски.