Прашањето не е ново, но дилемите се засилија откако претседателката не Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за бриселското издание на Политико, порача дека Европската Унија мора биде способна побрзо да реагира на геополитичките настани.

„За надворешните работи, јас сум длабоко убедена дека тоа не е одржливо, дека Европската унија не е во состојба да заземе позиција поради едно блокирање на критичните досиеја“, изјави Фон дер Лајен и призна дека голема промена при одлучувањето на Унијата, дури и да е само за надворешната политика, ќе биде тешко да се постигне.

Ваквата изјава на Лајен, дел од бугарските медиуми, толкуваат дека се однесува и на бугарското вето за Македонија, иако никој од Брисел децидно не го споменува проширувањето меѓу темите за кои би важеле новите правила.