Ѕвездата на Л.А.Галакси, Златан Ибрахимовиќ ја донесе победата од 3: 2 на својот тим во натпреварот против градкиот ривал Лос Анџелес во најинтересниот натпревар на американската МЛС лига.
Швеѓанецот постигна „хет-трик“ по головите во 8, 56 и 70 минута. Така тој го засени стрелецот на противникот, Карлос Вела, кој даде „само“ два гола на натпреварот – во 4 минута од пенал и во последните секунди од дербито.
И покрај денешниот успех, Лос Анџелес останува прв во вкупниот пласман на МЛС со 46 поени, додека Галакси е втор со 37.
„Хет-трикот“ на Ибра беше 10 во неговата клубска кариера, а оваа сезона има 16 гола во 17 натпревари.
Вела има 21 гол на 20 натпревари.