Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати во разорните поплави во американската сојузна држава Тенеси.
Поројот вчера однесе бројни куќи и автомобили и ги поплави руралните патишта, соопштија локалните власти.
Претставници на округот Хамфрис соопштија дека повеќе од 30 лица се водат како исчезнати.
Меѓу пронајдените тела има и две деца помлади од три години.
Поплавите беа предизвикани од обилните дождови во централниот дел на Тенеси.