Десетици илјади луѓе во неколку градови во Алжир побараа вчера од претседателот Абделазиз Бутефлика да поднесе оставка, во најголеми демонстрации во државата од арапската пролет пред осум години.

Протестите беа мирни, но доцна синоќа почнаа судири меѓу полицијата и групи демонстранти во близина на претседателската палата.

Според официјални податоци повредени се 56 полицајци и седум демонстранти. Во денот, полицијата приведе 45 луѓе.

Според локални медиуми за време на протестите во главниот град починал маж навозраст од 60 години поради инфаркт.

Демонстрациите против плановите на Бутефлика кој денеска полни 82 години, да се кандидира за петти мандат на изборите во април, почнаа пред една недела, но вчера беа најмасовни.

Националната телевизија вчера за првпат прикажа инсерти од демонтрациите.