Нема да се враќам во Министерството за образование, не сум јас Никола Тодоров да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената „метла“ од премиерот Зоран Заев.
Додаде дека не знае дали ќе го напушти Министерството за правда.
– Мојот пат е одење напред, а не враќање назад. Единствено место каде што можам да се вратам по политиката е Правниот факултет, а не МОН.
Десковска повторно за СЈО
Веќе се кристализира тоа дека СЈО ќе биде посебен орган, но тоа прашање целосно не е затворено, со оглед на тоа што клучните прашања не поминале, се уште се во фаза на постигнување договор, изјави Дескоска во врска со преговорите околу новиот закон за јавно обвинителство и статусот на СЈО.
Прашана дали за ВМРО – ДПМНЕ е прифатливо Републичкиот јавен обвинител заедно со уште двајца негови колеги да прави селекција за тоа кои предмети ќе одат во организиран криминал, а кои во СЈО, Дескоска информира дека во тој дел немало посебни забелешки.
– Прашањето е која ќе биде длабочината на таа селекција и дали тоа ќе значи за сите предмети со оглед на тоа што барањето предметите кои се после 18-те месеци воопшто да не бидат предмет на регулирање, е клучно и најпроблематично барање, изјави министерката Дескоска, пред почетокот на денешната конференција „Напоредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на Евркоската комисија“.
На новинарско прашање кое е конкретното барање на ВМРО – ДПМЕ, дали да запрат сите истраги започнати после 18-те месеци, министерката Дескоска повтори дека барањето е се што е покренато после 18 месеци да биде прекинато.
-Сите докази, не само снимките, туку и сите материјални докази кои се собрани да не се користат односно да бидат уништени, појасни таа.
Одговарајќи на прашањето зошто повторно бараат да не важат доказите откако се согласија јавно секој обвинител да одлучи кои докази ќе ги користи, Дескоска рече: ѓаволот е во деталите.
– Кога ќе треба да го регулирате тоа што искрено или отворено е кажано јавноста, правно да го формулирате, гледате дали постојат замки или не во одредени ставови, изјави министерката за правда Дескоска.
За тоа дали е оправдан оптимизмот на премиерот Зоран Заев дека до 15-ти овој месец ќе има конечно решение, Дескоска не сакаше да коментира дали е оправдан или не тој оптимизам. Сепак, истакна дека премиерот Заев бил оптимист во ситуации кои, рече, ни изгледаа нереални, и тој оптимизам се покажуваше основан.
Што се однесува до најавите од премиерот Зоран Заев дека ќе има меѓународна истрага за настаните во „Диво насеље“, Дескоска потенцира дека таа не е информирана за конкретни случаи. Ако има индиции, подвлече, тогаш таа постапка би требало да оди во СЈО, ако има одредени докази