По двојните избори за претседател и парламент на 8-ми мај, СДСМ ќе има ново раководство, а тоа треба да подаде рака на гласачите кои отидоа кај Максим Димитриевски, рече во DailyClick на ТВ 21 Јован Деспотовски од СДСМ.

„Што треба сега да направиме? И според мене новото партиско раководство треба да подаде рака кон избирачите кон нашите членови кои во првиот круг од претседателските избори, а дел од нив верувам и сега заокружиле за Максим. На кој начин тоа треба да се направи? Треба да се седне и да се разговара, меѓутоа секако станува збор за нашите поранешни, сегашни идни партиски другари кои биле заедно со нас изминатите 20 години во сите битки кои СДСМ ги водела“, вели Јован Деспотовски.

„СДСМ треба да прифати дека во делот на националните и државни прашања некаде згреши. Тие 80 илјади во првиот круг да учествуваат во процес на рушење на Власта која претходно ја поддржаа. Станува збор за францускиот предлог, станува збор за внатрешните односи меѓу граѓаните, доминацијата на ДУИ, дури и последица од Преспанскиот договор“, вели Илија Димовски.

Деспотовски вели дека СДСМ потфрлила во клучни политики, но и во кадровски решенија. Димовски пак се надева дека секоја идна Влада ќе паѓа на ваков начин, додавајќи дека потребни се драстични промени на политиката кон соседите и ЕУ и односот на државата кон криминалот и корупцијата.

„И сегашниот партнер во Владата ДУИ помогна одреден дел од гласачкото тело да се хомонегизираат кон ВМРО-ДПМНЕ. Дојде времето сега навистина да покажеме дека сме ја разбрале пораката“, порача Јован Деспотовски.

-И неколку пати се најавува метла…

„Да и мислам дека сега е дојдено времето тоа да се случи“.         

„Ние би биле среќни доколку нашите сограѓани Албанци ја разберат фустрацијата која Македонците во последните години ја имаат по однос на државни и национални интереси. Иако некои од политичките партии на албанците таа фрустрација пробуваат да ја препакуваат во некако анти-албанство, тоа е неточно и злоупотреба. Ние велиме, ве молиме за дозволете ни, за национални и идентитески прашања ние да процениме како ќе постапиме сами спрема семе и бидете ни први комшии и соработници да го зачуваме тоа“, вели Димовски.

Димовски заклучува дека сензиилитетот кај граѓаните за политика во квалитативна смисла е многу продлабочен и нема да може граѓаните веќе да бидат излажани.