Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината.
Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.
Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад.
Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухолови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите.
На терен постојано се распоредени неколку десетини пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид.
Како и при неодамнешните пожари над селата Опеница и Косел, и овојпат изостанува поголема поддршка од локалното население во гаснењето, што е од исклучителна важност кога се работи за локализирање пламен во тешко пристапен терен.
Последната информација во врска со пожарот на Галичица е повикот што од синоќа се шири преку социјалните мрежи, за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогодата, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси.
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК.
Активни пожари:
1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат);
3. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (шума, нискостеблеста вегетација);
4. Општина Долнени: с.Дебреште се шири кон с.Рилево и с.Зрзе како и кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева)
5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);
6. Општина Кичево 2: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);
7. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);
8. Општина Новаци: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);
9. Општина Битола: с.Острец (сува трева, густа мешана шума);
10. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
11. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума);
12. Општина Пробиштип: с.Ратковица према Пониква (мешана шума)
Пожари под контрола:
1. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);
2. Општина Демир Хисар: Илинска Планина кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);
3. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
4. Општина Чашка: планина Мукос, Општина Чашка кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);
5. Општина Македонски Брод: с.Слатина;
6. Општина Дебар 1: с.Гари (сува трева) (утрово ќе одат од ЈП НШ на увид);
7. Општина Дебар 2: планина Стогово (утрово ќе одат од ЈП НШ на увид).
Изгаснати пожари:
1. Општина Струмица: с.Баница (сува трева);
2. Општина Тетово: Фабрика Г8 (стрниште);
3. Општина Боговиње: с.Боговиње (сува трева);
4. Општина Струга 1 : с.Ложани (стрниште);
5. Општина Струга 2: с.Ливада (стрниште);
6. Општина Струга 3: с.Белица (ѓубре);
7. Општина Струга 4: периферија на градот (ѓубре);
8. Општина Берово: с.Владимирово – с.Русиново, м.в.Бучовар (сува трева, овоштарник и мал дел борова шума);
9. Општина Пробиштип: ул.Миро Барага (ниска вегетација);
10. Општина Ресен: Депонија во Ресен (ѓубре);
11. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре);
12. Општина Валандово: Депонија (ѓубре);
13. Општина Велес: с.Грнчиште (ниска вегетација);
14. Општина Чашка: с.Ореше – с.Папрадиште (мешана шума);
15. Општина Кавадарци: Депонија Мелци (ѓубре);
16. Општина Липково 1: с.Матејче (сува трева);
17. Општина Липково 2: с.Никуштак (сува трева);
18. Општина Липково 3: с.Матејче (сува трева);
19. Општина Липково 4: с.Никуштак (сува трева);
20. Општина Ново Село: с.Бадилен (борова шума);
21. Општина Кисела Вода: с.Драчево (сува трева);
22. Општина Аеродром: с.Горно Лисиче (ѓубре);
23. Општина Гази Баба: с.Јурумлери (ѓубре);
24. Општина Шуто Оризари: нас.Шуто Оризари (ѓубре и сува трева);
25. Општина Сарај: Езеро Треска (ѓубре, дрвја и сува трева);
26. Општина Прилеп: с.Плетвар (сува трева);
27. Општина Неготино: с.Пепелиште – с.Војшанци (сува трева);
28. Општина Демир Капија: Хотел Вердисо (сува трева);
29. Општина Куманово: с.Кучкарево (сува трева);
30. Општина Битола: Битола – Прилеп, кај Бензинска Пелагонија (сува трева).