Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца, објавува Курир.

Инцидентот, кој резултирал со раскрвавен прст кај детето, доаѓа во време кога Скопје се соочува со огромна криза со ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.

Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.

Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Но, по се изгледа ситуацијата во Општина Центар е повеќе од алармантна, па така денес излеговме на терен со цел да се увериме во каква состојба е ЦЕНТАРОТ на метрополата.

Се упативме онаму каде што мислевме дека е најчисто, односно би требало да е најчисто, а тоа е КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“, но бевме поприлично изненадени кога спроти Клиниката за гинекологија имаше толку многу ѓубре, небаре не се чистело со децении.

Но, она што забележавме исто така е уште една работа која не и оди во прилог на општинската власт и на нејзиниот актуелен градоначалник Горан Герасимовски кој повторно бара доверба од центарци на локалните избори.

Наидовме на камион-ѓубретарка со кумановски регистарски таблички, па зарем Герасимовски дојде до степен проблемот со ГЛУВЦИТЕ да му го решава Максим од Куманово?!