Голем шумски пожар избувна и брзо се прошири во регионот Вар во југоисточна Франција, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на својата страница на Твитер.
„Голем пожар се шири на територијата на регионот Вар, што е олеснето од временските услови што преовладуваат. Префектот на регионот е на самото место, јас внимателно ја следам ситуацијата”, напиша министерот.
Според весникот Вар-Матин, пожарот избил на паркинг на патот А75 во близина на градот Гонфарон. Пожарот веќе уништи неколку стотици хектари шуми и грмушки, а жителите на неколку населени места се евакуираат. Овој регион во Франција има температури над 40 степени неколку последователни дена.
Според весникот, девет авиони и три хеликоптери се вклучени во гаснењето на огнената стихија.