По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.
Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на Ковид-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита.
Фактот што не покажувале симпими не значи дека не можат да го пренесат вирусот. Напротив, оваа група граѓани се најопасни кога станува збор за ширењето на заразата.