Светскиот магазин Форбс објави топ листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот, а на истата Македонија се наоѓа дури на 103-то место, позади сите земји во регионов.

Во топ 5 земји, кои најдобро се справуваат со епидемијата, се Швајцарија, Германија, Израел, Сингапур и Јапонија.

Според топ-литата на Форбс од Земјите во регионов Словенија е најдобро пласирана на 32-то место.

Податоците се базираат на информации како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем, направени тестови, број на респиратори, ефикасност на владите итн.