Деветмесечно бебе вчера во утринските часови почина во Општата охридска болница, но засега нема повеќе детали за овој случај. Полицијата соопшти дека Итната медицинска помош го донела  бебето во болницата без свест, по што починало. Обвинителството побара обдукција за да се утврдат причините за сртта.

На 17 мај  во СВР Охрид пријавено е дека во 08  часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе, кое претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција, соопштија од СВР Охрид

Ова е втор случај во последн

ите 4 дена на смрт на бебе во болниците во Охрид.

На 14 мај, еден час по полноќ, во специјалната охридска болница  „Св. Еразмо“, почина 7 месечно девојче од Вевчани, откако поради повреда на главата и мозочно крварење,  врз него итно беше изврешен хирурушки зафат.

И во овој случај по наредба на Обвинителството извршена е обдукција, а се истражуваат причините за смртта. Се проверува третманот во здравствените установи каде го однела мајката, а извршени се разговори и со семејството.

Се очекува и за 9 месечното бебе, кое почина вчера наутро во Општата болница во Охрид,  обдукцијата да ги утврди причините за смртта.