Деветтемина осомниени во слуајот со ФЗО и очната клиника „Санте плус“ добија мерки на претпзливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот.

Доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари, објави „Канал 5“.

Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично
дело перење пари и други приноси од казниво дело, вели пртпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Кара им е добро познат и на орагните за прогон во регионот, а Албанија од лаи го бара со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката „International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати.

Според косовските медиуми, и во „Санте Плус“ во Приштина биле утврдени сериозни законски прекршувања. Болницата
работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода.

Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу три и четири илјади пациенти, со тоа што наплаќала за
операции и од фондот и од пациентите, работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побарала одговори од менаџментот, но не добиле.

Приватната болница вчера била затворена, но, како што објави „Канал 5“ денеска функционира вообичаено. Внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите.

Со спорниот договор помегуи фондот и „Санте Плус“ буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава.