Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена.
Во меѓувреме, Русија изврши два ракетни напади врз украински цивилни цели.
Законите што завчера ги усвои украинскиот Парламент ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 14 февруари 2024 година.
Воена состојба беше воведена во Украина на 24 февруари 2022 година, денот кога започна руската инвазија.
Во исто време беше најавена и општа мобилизација.
Гласањето на украинскиот Парламент за продолжување на вонредната состојба е деветто од почетокот на војната во 2022 година.
Фото: МИА архива