Околу 22 часот, од водите на Вардар кај гостиварски Балиндол, било извлечено телото на малолетно девојче, за кое претхпдно беше пријавено дека паднало во реката, јавува Гостиварпрес.

Телото го пронашле локалните жители, а го извлекле полициски екипи. Девојчето не давало знаци на живот, а лекарите констатирале смрт.

Неофицијално, девојчето било на возраст од 17 години, пишува Гостиварпрес.

Претходно, МИА јави дека екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари започнаа потрага по девојче кое паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близиина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи го пребаруваат теренот по течението на Вардар до селото Балиндол.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на девојчето, а во меѓувреме од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек.

 

Последна вест: 17-годишното девојче било нападнато на враќање од училиште

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде наредба за обдукција на телото на седумнаесетгодишната девојка која доцна синоќа беше пронајдена во водите на Вардар.

Девојчето, како што соопштија од полицијата и обивнителството, враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде што била нападната од кучиња скитници и бегајќи од нив паднала во надојдените води на реката во близина на мостот.

Случајни минувачи се обиделе да ѝ помогнат, но не успеале бидејќи девојчето веднаш по падот во водите се удавило. Безживотното тело било пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол, соопштија од обвинителството. Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.

Јавниот обвинител извршил увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело, а беше земен и исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот, соопштија од ОЈО Гостивар.

Идентификацијата на телото на девјочето ја извршиле членови на семејството на сега починатата, се наведува во соопштението на обвинителството.

(фото: Гостиварпрес)