Плаќаат за пакетче масло повеќе отколку во Германија, а добиваат одвај 260 евра месечно. Текстилното производство во Бугарија е Made in Europe, но воопшто не е похумано отколку во Азија, пишува германски Ди цајт, а пренесуваат бугарските медиуми.
Во текстот на Ди цајт, авторката Каролин Ванбек раскажува за фабриката „Пирин-текст“ крај Гоце Делчев, каде 2000 работнички во две смени шијат, пеглаат и пакуваат облека која ја носи марката „Хуго бос“. Оттаму, секоја седмица извезуваат 12 000 парчиња готова облека, главно за Германија. Таа фабрика во Бугарија е отворена исклучиво заради ниските плати, констатира авторката.
Понатаму, во текстот стои:
„Изненадувачки е колку меѓународни производители на облека ја одбрале Бугарија. Независно дали станува збор за „Адидас“, „Хуго бос“ или некоја слична компанија – редица меѓународни концерни произведуваат во еврочленката Бугарија.“
„Во споредба со трошоците за живот, платите се пониски дури и од Азија“, истакнала Бетина Музиолек од Clean Clothes Campaign (CCC), невладина организација која се бори за подобри услови на работниците во текстилната индустрија во целиот свет.
Авторката посочува дека повеќето работници во бугарската текстилна индустрија остануваат на минималната плата од 260 евра и појаснува:
„Трошоците за живот во Бугарија се само два пати пониски од тие во Германија. Некои стоки во Бугарија се и поскапи. „Лидл“ има продавница во Гоце Делчев. Таму килограм банани чини 1,22 евра, а пакетче со масло 2,80 евра – поскапо отколку во Германија. Текстилното производство во Бугарија е Made in Europe, но воопшто не е похумано од тоа на Далечниот исток. Кога човек ќе обиколи неколку фирми во Бугарија, бргу ќе сфати зошто тоа е така.“
Понатаму, авторката раскажува за „Куш Мода“ во село Трнак, близу до приморјето, каде работат 340 лица, претежно жени од турското малцинство. „Наутро започнуваш во 8 часот, но не знае кога ќе си одиш дома“, раскажала за Ди цајт една работничка.
Според истражувањето на невладината ССС во „Куш мода“ масовно се ползува прекувременото работење. Работниците често работат по 12 часа и тоа седум дена во неделата. Автобусите ги носат работничките во 8 часот, а назад тргнуваат во 20 часот. Некои од работничките на тој начин стигнуваат до 459 евра. А тие кои не работат вонредно, не стигнуваат ни до минималната плата. За плата од 1 200 евра, колку што се потребни за покривање на месечните трошоци за живот во Бугарија, не станува ни збсор, истканле претставниците на невладината.
И покрај се авторката на текстот била вратена од вратите на една текстилна фабрика со зборовиоте на газдата дека „текстилната индустрија во Бугарија се повеќе проопѓа“. Истото ќе ви го каже и било кој соптсвеник на текстилна фабрика во Македонија. Сите тие би сакале ако може, работничките да работат, а ако може и да им платат на газдите за тоа што им работат и по 12 часа.