Според она што го знаеме, нема партија која е толкму многу вовлечена во корупција како што е шпанската Народна партија, пишува германскиот весник „Ди велт“, потенцирајќи притоа дека неговото сменување „е добар сигнал“.

„Во пресудата за Гуртел, само еден од скандалите со корупција на Народната партија, судиите открија дека партијата изградила ефективен систем на инситуционлана корупција“, наведува весникот.

Рахој, кој се обиде случајот дса го класифирцира како изолиран, лично не е обвинет, но неговотот сведочење во судот беше означаено за „малку кредибилно“. Вкупно 351 година затвор им беше досуден на 29 лица.

Весникот заклучува дека по оваа пресуда не значи дека Народна партија треба да исчезне, но дека крајот на владеењето на Рахој е добра порака. А, ова, исто така, треба да биде сфатено и во Берлин, Брисел и во Париз:на Шпанија и треба пресврт, мора да има нов почеток со поинаква политичка култура.