Претставнците на Калифорнија денес соопштија дека најголемиот шумски пожар во историјата на таа сојузна држава конечно е изгасен, по шестемесечна битка со огнената стихија.

Пожарот избувна на 4 декември лани во близина на Лос Анѓелес и опустоши повеќе од 1.140 квадратни километри во реоните Вентура и Санта Барбара.Две лица настрадаа во пожарите, еден пожарникар, а уништено е повеќе од 1.000 објекти.

Од друга страна, пак, обилните врнежи шредизвикаа појава на силни vодотеци кои уништија сотици куќи во гратчето Монтесито каде 21 лице ги загубија животите.

Влатите развиваат стратегиски план за санација на штетите предизвикани од пожарите и од обилните врнежи.