Ракометарите на Вардар и на Металург, Тимур Дибиров и Халил Јагањац се најдоа во идеалниот тим од 4.коло во Лигата на шампионите, во изборот на ЕХФ ТВ.

Дибиров учествуваше со осум погодоци во триумфот на Вардар над Рајн Некар Левен (29:27), додека Јагањац постигна 10 гола во поразот (33:25) на „металурзите“ кај Силкеборг.

Идеален тим на 4.коло од ракометната Лига на шампиони:

лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

лев бек – Халил Јагањац (Металург)

среден бек – Томас Могенсен (Скјерн)

десен бек – Магнус Род (Флензбург)

десно крило – Аркадиус Морито (Киелце)

пивотмен – Сењамин Буриќ (ППД Загреб)

голман – Перез де Варгас (Барселона).

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев со една своја интервенција на средбата до РНЛ обезбеди место во Топ-5 одбрани.