Еден од најстандардните ракометари на Вардар, Тимур Дибиров го напушти тимот од Скопје и реши да се пресели во Загреб.

Тој цели девет години го носеше дресот на Вардар, учествувајќи во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.

Дибиров преку социјалните мрежи се збогуваше со навивачите на Вардар и целата македонска јавност.

„Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас. Ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршката, љубовта и вербата во мене. Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството. Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот. Вие сте засекогаш во моето срце“, напиша Дибиров.