Мерлин Монро се уште важи за една од најубавите холивудски диви, која со гордост ги шеташе нејзините облини и јадеше – што и да посака.

Таа беше првата холивудска актерка, која зборуваше за својата исхрана. Во една статија објавена во 1952 година во списанието Pageant со наслов „Како останувам во форма”, 26-годишната Мерлин откри дека никогаш не го сметала нејзиното тело како исклучително.

Висока околу 160 сантиметри, а со тежина помеѓу 50 и 60 килограми, но никогаш не се оптоварувала со тоа.

Сакала јајца и месо, а го открила рецептот за волшебната напивка, која ја пиела секое утро, а која и давала енергија и виталност.

– Слушнав дека мојата исхрана се смета за чудна, но јас не мислам така. Секое утро пред да одам под туш, загревам чаша млеко и додадавам две јајца. Ги мешам со вилушка и пијам заедно со витамини при облекување. Мислам дека докторите не можат да понудат похранлив појадок за вработена девојка, која секогаш се брза, објасни таа.

Нејзиниот ручек секогаш подразбирал добро парче месо, а наместо „вечерата да ја даде на непријателот”, ова бил нејзиниот омилен оброк –  јагнешко месо или ракчиња и неколку свежи моркови. Денот обично и завршувал со омилениот десерт – сладолед.

Денес, експертите, но и оние кои држат до здравата исхрана, најверојатно ќе бидат згрозени. Ќе и забележат што јаде живи јајца. Тоа што јаде толку многу месо. Тоа што јаде пржено. Тоа што јаде благо…

Сепак, холивудската диететичарка Хала Ел-Шафи ја фали исхраната на актерката и е убедена е дека ќе биде ужасната ако види на што го подложуваат ѕвездите своето тело.

– Мерлин јадела здрава, непреработена храна, а нејзината исхрана се базирала на здрав разум. Таа не прескокнува оброци, па затоа обезбедувала балансирана количина протеини за телото, но не ја избегнувала да се награди со деликатеси.