Даштевски на прес конференцијата соопшти дека излезноста до 15 часот била 34,22 % , односно повеќе отколку во првиот круг на локалните избори.

Најголема излезност има во Вевчани, 66.54 проценти, потоа 60,15 во Ранковце, 58,18 во Демир Капија, 52,93 во Пехчево и во Пробиштип 49,84 проценти излезност на гласачите. Најмала излезност од 16,38 проценти има во Општина Сарај.