Државната изборна комисија најави дека во 18:15 часот ќе одржи јавна седница.
Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултатити од вчерашните парламентарни избори.
Објавувањето на резултатите од изборите се пролонгираше бидејќи имаше пад на сајтот за известување во неколку наврати, за што од ДИК информираа дека станува збор за надворешен напад.
Седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК.
Инаку, како што објавивме, на официјалниот сајт на ДИК можеше да се видат неверојатни изборни резултати, како на пример „победите“ на ДУИ во изборни средини каде што никогаш не добивале гласови, како што е Демир Хисар, Вевчани, струмичко Ново Село и гласачки места во скопски општини во кои ДУИ нема гласачи.