Државната изборна комисија денеска ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии.
Караванот на ДИК за дистрибуција на материјалите почнува од Битола, откако доверливите изборни материјали ќе бидат подигнати од печатницата „Киро Дандаро“.
Оттаму караванот на ДИК ќе продолжи со дистрибуција во сите 80 општински изборни комисии, а како што посочија од Комисијата дистрибуцијата треба да заврши до крајот на денот.