Исценираните и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон професорката Гордана Силјановска Давкова дефинитивно ја потврдуваат паниката која владее помеѓу нивните редови, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ… Дали се свесни? До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија? Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот, вели таа.
Димитриеска Кочоска посочи дека македонскиот народ има вредности и принципи, истиот тој народ нема да дозволи да биде претставуван од луѓе како вас.
-Доаѓа крајот за навредите и понижувањата! Македонија ќе биде повторно горда, порача таа.