Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски јавно го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?

Дали повторно ќе инволвирате дел од непрофесионалните од МВР во изборниот процес? Дали повторно следниве два дена како и претходно луѓе вработени од ваша страна во 6-та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот? Ги охрабрувам кумановци и им ветувам дека после понеделник ќе отпочнам со процесот на демонтажа на узурпираното МВРО2, притисоците кај кумановци не поминуваат, порача Димитриевски.