Цело е кога има се! Армијата за прв пат добива комплетно нова спортска опрема за буквално секој нејзин припадник: војник, подофицер или офицер.

Ова го истакнува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска ја промовира спортската опрема на војската, односно нови патики, маичките и тренерки.

– Покажавме како се работи и како дадениот збор го исполнуваме. По новите униформи, чизми, беретки, опрема за преноќување и извидување, гортекс одела, алпинистичка и АБХО опрема…, ова е уште еден чекор со кој докажавме како треба да се гради и јакне Армијата: не со пароли и лажни ветувања, туку со чесен пристап и многу работа, објави Шекеринска на Фејсбук.

Министерката под нејзината објава го додава хаштагот #МКвоНАТО.