Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски попладнево изјави дека Македонците ја доживуваат УЧК како окупациона сила.
„Не можам да се чувствувам националист ако ме обвинуваат дека сакам да изградам споменик и да испочитувам иницијатива која што доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и Здружението на пензионираните воени старешини и ветерани кои што се мултиетнички и кои имаат за цел да им оддадат почит на паднатите борци кои што се бореа за Македонија.
Ако направиме паралела за тоа што денеска се случи во Слупчане и тоа што сакаме ние да го направиме во Куманово и токму тие кои што всушност градат споменик на УЧК, реално да зборуваме дека ние Македонците УЧК ја чувствуваме 2001-вата т.е ОНА како окупациона сила, впрочем и меѓународниот фактор на самиот почеток, самиот Џорџ Робертсон го потврди тоа и кажа дека тоа не се борци туку се милитантна и терористичка организација кој што се бори против уставниот поредок на државата“, кажа Димитриевски.