Бившиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој го потпиша договорот со Грција за откажување од името и од дел од историјата на Македонија, денес „со многу совест“ на Македонците и граѓаните на Македонија им праќа ќеститка на Фејсбук:
„… пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги…“ Борбата за „светата народна слобода“ против најцрната страница од историјата – фашизмот, е една од најзначајните борби на нашите претци и за жал – таа продолжува да биде и наша. За правдина и за достоинство, денес без пушка, ама со многу совест и со многу одговорност, имаме обврска да ја крепиме и креваме државата што ни е оставена во аманет, наспроти сите предизвици и напади врз овие вредности и од дома и од надвор.
И тоа ќе го направиме! Не сме ние ништо подолу од било кој друг европски народ. И знаете што? Ако запнеме, ништо не е недостижно! И време е да запнеме, искрено и целосно! Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание, вечна слава на паднатите борци. За многу години!- порачува Димитров во објавата на својот профил на Фејсбук.
Тоа е денес, тоа е апсурдот во Македонија: Тие кои „со пенкало“ ја продаваа историјата на Македонија, денес „без пушка“ и со „многу совест“ се „борат за Македонија“. Толку!
(Д. Г.)