Не гледам никаква разлика меѓу идеологијата што ја шири Путин, дека се бори против нацизмот и фашизмот во Украина, и она што им го остави во наследство Тито во Скопје, дека се борат против фашистите, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

– Многу е тажно што тие ја „слават“, како што велат, антифашистичката борба, или со други зборови антибугарската, борбата против бугарскиот фашистички окупатор, како што велат тие. И тие сметаат дека нивната држава е основана на тоа. Дали разбирате колку е сериозен проблемот? Проблемот е што нивната елита, како што велам, ова е прашање на елитата, и од СДСМ и од ДПМНЕ мислат дека државата им е антифашистичка и поради тоа излегува речиси истото што го кажува Путин. Не гледам никаква разлика меѓу идеологијата што ја шири Путин, дека се бори против нацизмот и фашизмот во Украина, и она што им го остави во наследство Тито во Скопје, дека се борат против фашистите. И ги видовме чудните сцени во Охрид, како повторно нè нарекуваат „фашисти“ и „Татари“. И споменот на неговото височество Цар Борис Трети се обидуваат да го оцрнат, што е многу недостојно, изјави Ковачев за бугарската агенција Фокус.

Тој е потпретседателот на ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов и пратеник во Европарчаментот.

– Едноставно, зачуден сум што повторуваат едно те исто: нашата држава е антифашистичка, значи против Бугарите сме. Тоа е апсолутно идентично со Владимир Путин, со неговата доктрина дека сите што се против него се нацисти и фашисти. Многу тешка тема. И во Бугарија сè уште има луѓе што продолжуваат да веруваат на комунистичкиот поглед на историјата, во Бугарија, се разбира, во многу помал степен, зошто кај нас 9 септември (1944 година) не се слави како некаков позитивен датум, а таму тоа е нивниот национален празник. Првата пушка, како еден сограѓанин убил друг сограѓанин од зад грб, и двајцата локални луѓе, и тоа сè уште е симболот на борбата против бугарскиот фашистички окупатор, дури и едното момче што беше убиено е внук на Дамјан Груев. Нема шанси внукот на Дамјан Груев да е бугарскиот фашистички окупатор, со кој тие ја започнаа борбата против лошите Бугари, вели во изјавата за Фокус европратеникот Ковачев.