Кога возам редовно застанувам на пешачки, вели бившиот министер и вицепремиер и потписник на Договорот со Грција за смена на уставното име на Македонија, Никола Димитров.

– Често пешаците ме гледаат со неверување и во таа секунда на двоумење им давам знак “повелете” со раката. Некои кимнуваат, некои возвраќаат со насмевка, а други со кратко мафтање. Пред некој ден возејќи зад еден камион во услови на слаба видливост, се израдував кога со десен трепкач ми даде знак дека е безбедно да го поминам. За возврат му кажав „фала“ со четири трепкачи штом го поминав, а возачот ми врати со „молам“ блендирајќи. Има нешто убаво во овие мали човечки комуникации, објави Димитров на својот профилна Фејсбук.

Тој во последно време стана мошне внимателен, не само во поглед на сообраќајната култура туку и во перцепирањето на власта, за која имаше многу поинакво мислење додека седеше во фотелјите во Владата.