Целиот процес и ние внатре и политиките на ЕУ кон регионот се класичен заложник на некој начин на историски прашања, а во новата методологија се вели, еден од моите омилени параграфи – нерешените билатерални прашања не треба да го држат пристапниот процес во заложништво.
Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров прашан да даден коментар за реакциите на бугарските европратеници за време на вчерашното обраќање на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Стразбур, за наводно кршење на човекови права и говор на омраза во Македонија за граѓаните со бугарска самосвест.
– Дебатата во една друга организација каде што сме членка – Советот на Европа во Парламентарното собрание имав прилика да одговорам на дел од овие обвинувања на некој начин што мислам дека не се продуктивни. Прво, затоа што се многу далеку од реалноста, да и се забележува на нашата држава која што е едно мултиетничко општество, каде што има целосно прифаќање на правото на луѓето да се самоизјаснат дали се дел од една етничка заедница или од друга, каде што по ова прашање практично и нема поплаки во Комисијата за борба против дискриминација, нема ни некакви случаи во Стразбур во однос на Европската конвенција за човекови права и пред Европскиот суд за човекови права, мислам дека тоа не е мудро и не е коректно, рече Димитров.
Според него, во крајна линија и членките треба да бидат добри соседи, не само кандидатите за членство.
– Мене ми се допаѓа што во Извештајот се вели дека договорите и со Грција и со Бугарија треба да продолжат да бидат почитувани и имплементирани од сите вклучени страни. И мислам дека е тоа важно што ете Комисијата нашла за сходно да го потенцира, истакна Димитров на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир на која беше презентиран Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.