Тоа не значи дека ние го гледаме членството во ЕУ како цел сама по себе, ние добро разбираме дека денес или утре нема да станеме членки на ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Динамичен и веродостоен курс за проширувањето на ЕУ е предуслов за амбициозните реформи. Хрватска преговараше повеќе од седум години пред да се придружи. Но, самиот почеток на преговорите го гледаме како најдобар патоказ за постигнување на нашата цел, да станеме стабилна европска демократија. Почетокот на разговорите ќе ја најави следната фаза од нашата домашна трансформација, објави Димитров на Фејсбук.