По шестчасовните разговори зад затворени врати одржани во Њујорк вчера, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас е најавено дека преговорите со кои посредува Метју Нимиц, ќе ги продолжат денеска попладне по македонско време. За денес се најавени и изјави за исходот од преговорите.

Пред новата рунда разговори во Њујорк, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

„Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор“, порача Димитров на својот Твитер профил по средбата со Гутереш.

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, изјави дека решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение. Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името. – Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓуминистрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи.

Грчка „То вима“ пишува дека Коѕијас успешно „топката за името да ја префрли во дворот“ на Македонија, односно дека доколку во оваа фаза не биде најдено компромисно решение прифатливо за двете страни за тоа ќе биде обвинето Скопје. Притоа се исталнува дека „грчките партии со индигнација го отрфлија предлог „Илинденска Македонија“. Притоа се шпекулира дека во игра се неколку клучни предлози за името, меѓу кои два посебно се истакнуваат – „Горна Македонија“ и „Република Македонија (Скопје)“.