За мене се сериозен проблем перманентните антибугарски напади од РС Македонија во последниве месеци, вели шефот на бугарскиот тим од Мешовитата македонско – бугарска комисија за историјата.
Тој во изјава за БГНЕС вели дека бил вознемирен оти не ги гледал потребните политички сигнали за некаква промена во политичко однесување на Македонија и начинот на кој комуницира со Бугарија.
– Ова за мене е многу сериозен проблем, а кога се вели дека овие антибугарски перманентни напади во последните месеци против бугарските културни клубови и против поединечни луѓе беа последователни потреси на бугарската позиција за брзото прифаќање во ЕУ, тоа зборува или за целосно незнаење или веројатен недостаток за самокритика. Искрено се надевам дека тоа може да се смени, а во таа насока неопходна е соработка и истрајност на позицијата на земјите од ЕУ, вели Димитров.