На 15 јули турнете нѐ напред силно за да продолжиме со реформите, побара вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Две и пол години имавме тег што не влечеше назад. Јас ви ветувам ќе бидам гласот на правдата!- објави Димитров, во барањето на уште еден мандат од граѓаните.

Сега, пред избори, устите на сите политичари им се полни со „правда за сите“, а додека се на власт немаат доволно време за тоа оти се преокупирани со државните стипендии за своите ќерки и синови.

(Д.Г.)