Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вечерва изјави дека во следниот период е време за решителни одлуки.
– Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Кастриот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со високи дипломати. Во следниот период ќе биде убаво да се фокусираме кон градењето, а не кон рушењето. Факт е дека државата ни е во сериозна ситуација. Имаме пандемија, ситуацијата во регионот е загрижувачка, и мислам дека треба решителни одлуки. Имаме енергетска криза и имаме нешто што се нарекува шанса за ЕУ или следи нов обид конечно да има пробив, рече Димитров во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
На прашањето на како ќе се носат одлуки сега кога се нема мнозинство, Димитров одговори оти ќе мора да се најде за носење важни одлуки и оти многу работи ќе зависат од нас.
Според Димитров, многу вложивме во последните и ќе беше тажно ако сега се откажевме од патот до ЕУ.
– Сликовито да кажам, кафето почнува да врие, сега ќе биде многу трагично иако никој не може да гарантира успех, меѓутоа ќе биде многу трагично ако ние го исклучиме решото или ринглата баш сега кога влогот е огромен, кога Макрон и канцеларката Меркел во Брдо со премиерот Заев, со претседателот Радев се обидоа да помогнат ова да го поттурнат, тогаш не успеаја, и ние сме на неколку дена пред изборите во Бугарија. Има избори во недела. И сега ќе беше тажно ако после сите овие напори последниве години, еве вчера беше холандскиот премиер Руте со порака за јасна поддршка од земја која што е посебно стриктна и ригидна во оценувањето дали земјата кандидат ги исполнила Копенхашките критериуми тој вели време е да се почне, истакна Димитров.
Дваесет и шест земји членки, подвлече Димитров, велат време е да се почне, Комисијата вели ако во ова не успееме нема да ни веруваат веќе на Балканот, во регионот, тажно ќе биде ако по изборите во Бугарија значи ќе бидат појасни политичките фактори кој ќе одлучува, кај нас да нема кој да одлучува, ќе биде тоа неодговорно.