Прославениот хрватски и југословенски кошарски ас Дино Раѓа добива огромно признание во Америка – на 7 септември влегува во Куќата на славните.

Свеченоста ќе се одвива во Спрингфилд и Дино во Куќата ќе го внесе еден од најголемите кошаркари на сите времиња, легендата на Бостон Селтикс – Лери Бирд.

„Не ми беше лесно да се решам кого да предложам да ме внесе. Имав среќа што тренирав и играв со многу познати играчи, но „еднаш Селтикс, секогаш Селтикс“, вели Раѓа.

Во опција биле Роберт Периш, Арвидас Сабонис, Шекил О’Нил, но на крај одлуката паднала – на Бирд.

Клубот, за кој настапувал Дино Раѓа, веднаш го контактирала Бирд, а тој не размислувал многу – ќе го внесе Хрватот во Куќата на славните.

Со тоа еден од најдобрите кошаркари на нашите простори и во Европа влегува во легендите, во бесмртните. Раѓа ќе биде осми европски кошаркар во Куќата на славните (од Хрватска таму се наоѓаат сега покојните Крешимир Ќосиќ и Дражен Петровиќ).