Младата ТВ презентерка на вести ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, дознава порталот Курир од владини извори.
Синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, чиј шеф е министерот Бујар Османи, го утврдил предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.
Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.
И други медиуми ја објавуваат оваа вест. Според извори на порталот на албански јазик Зум, на синоќешната седница, на предлог на МНР, владата го утврдил предлогот Ејупи да биде испратена за македонски генерален конзул во Њујорк.