Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо немаат сработено во првите 100 дена од мандатот ниту за граѓаните ниту за општините, се вели во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.

Од СДСМ секој ден ги вртат истите соопштенија за нивните успеси, барања оставки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и обвинувања дека опозициските градоначалници ништо не работат. А СДСМ ништо не кажуваат ниту дава отчет што сработиле нивните градоначалници, односно од партиите кои ја имаат и централната власт.

Во продолжение целото соопштение од Бихаќска:

Граѓаните сведочат само на оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации.

Единственото нешто што го прават се неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош, додека кај нив не постои никаква иницијатива да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза.

Владата предводена од СДСМ постојано ја покрива нивната неспособност. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетска криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.

Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо.

Данела Арсовска е прв пример за неработа и неспособност. Ништо не сработи за три месеци освен што нивелираше шахта и постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Ги излажа скопјани дека ги исчистила депониите, а во секоја општина има депонија.

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.

Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се покажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата.

Центар за односи со јавноста на СДСМ