Чад го отповика вршителот на должност амбасадор во Израел, при тоа осудувајќи ја „загубата на животот на многу невини граѓани во Газа“.
Африканската земја повика на прекин на огнот „што ќе доведе до стабилно решение за палестинското прашање“.
Чад е шеста држава која го повлекува амбасадорот откако почна војната помеѓу Израел и Хамас. Претходно амбасадорите од Израел ги повлекоа Турција, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан.