Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, ја откажал посетата на Грција планирана за во септември, објави рускиот амбасадор во Атина.

Агенцијата Тасс ја пренесува изјавата на амабсадорот Андреј Маслов во која кажува дека „сега не е вистинско време“ за посетата.

Одлуката доаѓа откако Грција минатата недела реши да протера двајца руски дипломати, а уште на двајца да им забрани влез во земјата.

Маслов кажа дека „Русија ќе протера грчки дипломати“, но датумот и бројот на дипломати кои ќе се протераат уште не се знае.

-Ние претходно рековме дека ќе следат реципрочни мерки. Не знам кога, кој и колкумина, но, се разбира, во согласност со постоечката пракса, ќе има контрамерки – додаде Маслов.

Инаку, како што објави во пошироката анализа на влошените грчко-руски дипломатски односи весникот „То вима“, се потсетува дека нештата се доста измените од 1962 година кога тогашната влада на СССР го протерала Петрос Моливијатис, тогаш втор секретар во грчката амбасада. Повеќе влади инсистирале дека и покрај западната ориентација на Грција, секогаш да биде проритет да се одржуваат добри односи со Москва.

Но, сега односите меѓу двете земји се драстично влошени, па дури и комникацијата меѓу министрите Сергеј Лавров и Никос Коѕијас била загубена. А, премиерот Алексис Ципрас игра на картата на зајакнати односи со Западот.

Сега, сите проценки се дека тежиштето на конфликтот ќе се пресели на Кипар, каде руското влијание е огромно, а Коѕијас најави дека следно за решавање е токму кипарското прашање со Турција.Дали ова значи дека стратегијатае да се избркаат Русите од свој важен меѓународен пост останува да е види, но најверојатно Москва нема да стои со скртени раце ни за прашањето за Кипар, односно сигирно ќе бидат начнати грчките интереси таму.