Дипломатскиот кор во земјава, којшто беше присутен при пристигнувањето на првите 24.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот на Меѓународниот аеродром во Скопје, порача дека нивна цел е вакцината да дојде до сите луѓе, бидејќи, посочија, никој не е безбеден додека сите не се безбедни.
Американската амбасадорка Кејт Брнз по пристигнувањето на вакцините истакна дека е среќна што вакцините преку Ковакс механизмот пристигнаа денеска во земјава.
-Сите земји треба да имаат пристап до вакцините против Ковид-19 со цел да се стави крај на пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува збор за глобалните предизвици. Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери, порача амбасадорката на САД Брнз.
Германската амбасадорка Анке Холштајн изрази задоволство што денеска пристигнаа првите дози, иако како што рече, посакувала ова да се случеше три месеци порано.
-Германија е коосновач на платформата за снабдување вакацини и е нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра. Ковакс снабдува во првиот чекор до крајот на мај 142 земји со вакцини. Од нив 89 земји се во развој чии вакцини ќе бидат финансирани преку меѓународни донатори. Вакцините се бесплатни за државите приматели. Секое петто евро за тоа доаѓа од Германија, секое трето евро од ЕУ. Ова го правиме тоа, бидејќи ние сме дури тогаш сите други се безбедни. Во битката за распределба секој против секого, Германија со ЕУ, со нашите прозиводствени капцитети, можеби краткорочно би победиле. Но по таа цена во остатокот од светот пандемијата и понатаму неконторлирано би се ширела, подвлече Холштајн.
Оцени дека распределбата не се одвива според политичка услуга и пи-ар вредност туку само според потребата и оти целта е сите во светот да можат да ја добијат потребната вакцина.
Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека Велика Британија, како еден од првите донатори во Ковакс досега oбезбедила 548 милиони фунти за Ковакс и 1,3 милијарди фунти помош за ставање крај на пандемијата со коронавирусот што е можно побрзо. Посочи дека вакцините спасуваат живот и ја намалуваат хоспитализацијата и оти уште вакцини се потребни, но никој од нас не е безбеден се додека сите не сме безбедни.
Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер, пак, истакна дека со овие дози вакцини ќе може да започне вистинската и масовна кампања за вакцинација во земјава.
-И ова е само почеток. Над 100.000 дози се предвидени во рамки на овој механизам. Ова е прекрасна вест за граѓаните и за медицинскиот персонал. Но се разбира и дека ова е прекрасна вест и за целокупната здравствена состојба што е најважно. Но ова одлична вест и на политички план, бидејќи истата е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност. Сите сме засеганти од оваа пандемија и истата ќе ја победиме само доколку сме обединети и солидарни, порача Бомгартнер.
Никола Бертолини, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија наведе дека ова е среќен ден бидејќи Ковакс пристигна и почна да испорачува. Тимот Европа донираше 2,2 милијарди евра во Ковакс и оти вакцините се светло на крајот на тунелот на пандемијата.
За Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава, денеска е денот на знак на надеж бидејќи вакцините пристигнаа за оние на кои им се најпотребни а тос е здравствените работници и лицата со хронични болести, кои долго време ги чекаа вакцините.
-Му се заблагодарувам на министерот Филипче и неговиот тим кои работеа напорно за да ги добијат вакцините, тоа е комплицирана работа не е лесно треба да се работи на регулатива, на логистика… Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот. Се додека сите не се вакцинирани нема да бидеме безбедни, дотогаш треба да се придржуваме до мерките на дистанца, носење маска и одржување хигиена, рече Тавила.
Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава ги охрабри луѓето да се вакцинираат, со цел, како што рече, да ги вратиме децата во училиштата, за децата да се чувствуваат здрави, родителите да можат да се вратат на работа, со цел да се бориме и против детската сиромаштија.
Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Македонија рече дека од почетокот на кризата ОН работи со Владата со цел намалување на последиците од пандемијата.
Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку Ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000-те илјади дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО, ОН и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.