Хрватската фирма „Техникс“ деновиве направила досега невиден потег во оваа земја. Како што за „еМеѓимурје“ потврдил директорот Ѓуро Хорват, на своите работници им позајмиле пари за да ги вратат долговите кон банките и да ги деблокираат своите сметки.

– Тоа нас не чинеше околу 250 илјади куни. Во Германија такво нешто нема. Освен тоа, на работниците семејствата им се тука, тука им се пријателите, играат фудбал во недела и сигурно им е поубаво тука отколку во странство“, го објаснува Хорват потегот на својата управа, уверен дека на тој начин спречиле дел од работниците да ја напуштат Хрватска.

Земјата, како што пишува „Нет.хр“, и така се бори со хроничен недостиг на работна сила, а во „Техникс“ на тоа гледаат како предизвик.

– Просекот на плата во „Техникс“ е 1.200 евра, а најмалата плата во оваа екофабрика е околу 1.000 евра. Имаме дваесетина повратници од странство, кои ртаботеле во Германија и други земји, па се вратиле дома, истакнува Хорват, чија компанија во Доњи Краљевац изградила нов погон.

Во неа моментално работат триесетина лица, а до крајот на годината планираат да вработат стотина.

Компанијата „Техникс“ се занимава со проектирање, производство и одржување на типски погони за индустриска рециклажа на комунален отпад.