ДИРЕКТОР ЗАРАЗЕН ОД КОВИД-19: Андоновски бил во петокот заедно со Заев, Николовски и Филипче на прослава во Македонска Каменица

/ 01.09.2020

Директорот на ЈП Камена река од Македонска Каменица, Влатко Андоновски попладнево на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

Симптомите ги почувствувал во саботата, но она што отвори прашања во јавноста е тоа што претходниот ден Андоновски се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, новиот вицепремиер, Љупчо Николовски и други владини функционери кои го посетија малото рударско гратче на „Денот на рударите“.

-Чувствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен. Во сабота имав одредени симптоми по што во разговор со матичниот лекар одлучивме да се тестирам, за жал излезе позитивен, следуваат денови на изолација и борба која заедно со мојата фамилија знам дека ќе ја добиеме. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, напиша Андоновски.

Андоновски за „Фокус“ потврдил дека бил на настаните, но вели дека биле на отворено, почитувајќи ги мерките и протоколите, на соодветна дистанца и без физички контакт.


Од истата категорија