Почитувани ученици, родители и вработени!

Во врска со денешните случувања за дојава на бомба во училиштето ООУ,,Кочо Рацин”Петровец и објавувањата во медиумите сакам да Ве известам и да ја знаете вистината дека е маилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и додека во моментот училиштето нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина.

По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор. Потоа пристигнаа единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна. Воедно сакам да Ве информирам дека истовремено истиот мејл стигнува и во други 4 училишта меѓу другото и ООУ, Илинден”од Крива Паланка кое што исто така го пријавува случајот денес околу 11 часот, а претходниот ден МВР го бара тоа училиште во општина Илинден , но не може да го најде.

Сакам да прашам зошто кога на испратениот е маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР не не контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаело до кои училишта е пратено?

Почитувани, тоа е вистината која што сакам да Ви ја кажам и да ја знаете.

Ви благодарам за разбирањето и се надевам дека сите заедно ќе истраеме и ќе живееме во еден побезбеден и посреќен свет за сите!

Да сте ми живи и здрави!

Со почит;
Директор
Виолета Јаневска