Главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде многу полоша за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, изјави Дис за лондонскиот весник.
Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, според „Фајненшл тајмс“.
Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.