Бесплатни билети за Украинци кои ќе патуваат за Германија, понуди денеска полската државна железничка компанија.

Од вчерашниот ден, украински државјани може бесплатно да патуваат во втора класа на деветте дневни меѓуградски возови, што ги поврзуваат полските градови Варшава, Пшемишл (преку Краков) и Гдиња, до германскиот главен град – Берлин, како и Франкфурт.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, поради масовен прилив на бегалци во Полска, железничката пушти повеќе возови од украинската граница и им дозволи на луѓето кои бегаат во земјата, да ги користат бесплатно.

Се проценува дека околу 300.000 Украинци отпатувале во Полска на тој начин, од 26 февруари.