Јавната обвинителка Фатиме Фетаи доби две дисциплински постапки, од кои една за соработка со обвинетиот и осуден новинар Марјан Стаменковски од порталот ДоказМ, а втората поради нестручно постапување.

Како што дознава Макфакс, покрај поранешната обвинителка на СЈО, вакви две дисциплински постапки има и обвинителот Сашо Рајчев.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност ќе ги разгледува доставените докази.

– Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители, велат од Обвинителството за Макфакс.

Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи дека му испраќал информации.